Кој е најдобар тенисер – Надал, Федерер или Ѓоковиќ? Еве што одговори Рафа

од Stefanija Kuzmanovska

Рафаел Надал, Роџер Федерер или Новак Ѓоковиќ, вечна дилема е тоа кој од овие тројца е најдобар тенисер.

Ѓоковиќ го достигна светскиот рекорд на Федерер по бројот на недели на врвот на АТП ранг-листата, Шпанецот и Швајцарецот го делат рекордот од 20 грен слем титули, па токму по тој повод Надал бил контактиран од бразилскиот магазин „Вежа“.

– Знаете, јас навистина не сум заинтересиран да учествувам во таа дебата, бидејќи не е мое да зборувам за тоа. Не ми треба мене таа дискусија за тоа кој е најдобар – рече Надал и додаде:

– Луѓето сакаат да зборуваат за тоа, затоа и прават различни споредби. Што се однесува до мене, јас имам одличен однос и со Роџер и со Новак! Ние сме ривали само за време на нашите натпревари. Нашите борби се водат само на тенискиот терен.

Слични содржини