ДУИ освои најмногу пратенички мандати (19) кај албанскиот блок, но сепак нема да биде дел од власта. Иако тврдат дека се втора политичка сила во моментов во земјава, сепак партијата на Ахмети остана со празни раце откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека разговара со коалицијата ВЛЕН за заеднички да ја предводат новата влада. Со 13 пратенички мандати во новиот собраниски состав, коалицијата на здружената албанска опозиција прогласи победа. Тие обвинија за бројни нерегуларности во текот на изборниот ден на кој, како што рекоа државните институции кои имаат задача да го гарантираат процесот, повторно се ставиле во служба на ДУИ, но и дека сето тоа е документирано и претставниците на меѓународната заедница ќе бидат известени. Според нив Европскиот фронт го бојкотираше изборниот процес на недемократски принцип и создава горчлива слика за Албанците во светот.
„Локално“ поразговара со дел од аналитичарите за случувањата во албанскиот блок и дали ДУИ издвојува „пирова победа“. Според новинарот и аналитичар на состојбите, Дритон Зенку, во албанскиот политички блок резултатите беа очекувани врз основа на претседателските избори. Посочува дека имаше зголемување на гласачкото тело, но разликата остана речиси идентична.
-Од партијата на Ахемти се изјаснија дека победиле и имаат двојно мнозинство во Собранието. Мислам дека Бадентер беше една од причините за формирање на Европскиот фронт. Ахмети беше свесен за расположението анти-ДУИ во таборот на ВМРО-ДПМНЕ и за предизборната еуфорија што ја создаде предупредувањето за совладеење меѓу македонската и албанската опозиција. Формирањето на Фронтот беше одбрана на сигурната победа на ДУИ, смета Зенку.
Посочува дека двојното мнозинство или Бадентер е важен инструмент за функционирање на парламентот.
-Ако се создаде ова мнозинство без ДУИ и ако има раздвижување на пратеници од Европскиот фронт, во правна смисла нема да има проблем во функционирањето на парламентот. Во политички аспект може да се создадат веќе познатите парламентарни блокади и Собранието да има неефикасност во работата, тврди соговорникот.
Христијан Мицкоски вчера нагласи дека е подготвен за секакви сценарија од страна на ДУИ, по пораката на Али Ахмети дека треба да ги почитува резултатите од изборите за да има мир и стабилност во земјата. „Подготвен сум како човек на секакво сценарио. Имаме информации што се зборува таму во партијата, но подготвени сме на се“ рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и повтори дека не постои никаква можност да состави влада со ДУИ.
Според Зенку, ДУИ не е заинтересирана за дестабилизација на ситуацијата и покрај изјавата на Ахмети кој се огласи дека на државата не ѝ се потребни тензии и немири кои може да се сфатат како политички притисок.
-Се ќе зависи од епилогот од разговорите за новото парламентарно мнозинство. Доколку Европскиот фронт остане во опозиција, но компактен со 19 пратеници, политичката сцена најверојатно ќе биде турбулентна. Од друга страна, имаме позната практика на ВМРО-ДПМНЕ за чести предвремени избори кога е во власта. Со оваа удобност од изборниот резултат, ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе постапува врз сметка на сопствениот рејтинг, дециден е новинарот.
Професорот и аналитичар Башким Селмани оценува дека ДУИ издвојува пирова победа кај албанскиот блок.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе ги диктира условите бидејќи има најмногу пратеници. Тоа што го бараат Албанците за да влезат во Владата не е регулирано правно и сега останува по волјата на ВМРО-ДПМНЕ, вели Селмани во разговор за „Локално“.
Смета дека треба пореално да се гледаат состојбите.
-Кај сите граѓани проблематична е корупцијата и организираниот криминал и секој пати од тоа. Македонија е еден примерок каде криминалот и корупцијата го изеде и специјалниот јавен обвинител. Истите дела се помирени, а фактички постојат докази за тоа. Ние граѓаните 30 години чекавме да се промени името, да се создаде стабилноста на државата и доколку тоа е освоено на национализам, ја загрева ситуацијата и кај албанскиот блок. Би било добро кој има мнозинство, со оглед дека и други националности има кај ДУИ…Мора да најдат некоја реална, политичка и економска состојба на аспектите. Видовме во 2006 година како беше и како се создадоа проблеми. На Македонија не и требаат проблеми, истакнува Селмани за ситуацијата во земјава.
Косовскиот пратеник Беким Хаџиу оценува дека изборните резултати во Македонија покажале дека учеството на косовскиот премиер Албин Курти и неговата Самоопределување придонеле за триумф на националната опција и поделба меѓу Албанците во земјава.
„Албин Курти албански разбивач. Поделени Албанци во Македонија и обединети Македонци околу ВМРО“, навел Хаџиу.
Тој го обвинил Курти дека работи во корист на Србите и Македонците.
„Големата победа на македонските националисти ВМРО-ДПМНЕ се должи на учеството на Албин Курти и Самоопределување на изборите во Македонија. Кој е овој човек што промовира Србо-Македонци, зошто го прави ова“, прашал Хаџиу преку својот Фејсбук профил.
Н.П.