Кој е првиот јавно деклариран геј-министер во владата на САД?

од Nikola Popovski
354 прегледи

Поранешниот кандидат за Белата куќа, Пит Бутиџиџ, откритие на демократските предизбори, е изборот на Џо Бајден за иден министер за транспорт, што го прави првиот член на американската администрација кој отворено признава дека е хомосексуалец.

Неговото назначување допрва треба да го објави привремениот тим на новоизбраниот претседател на САД, а потоа да го потврди и Сенатот.

По изборот на Камала Харис за позицијата потпретседател, ова е втор поранешен ривал на партиските избори што Џо Бајден реши да го покани во својот тим.

38-годишниот поранешен градоначалник на Саут Бенд, мало гратче во сојузната држава Индијана, е меѓу ретките политичари поканети од демократот Бајден во владата, кои ќе бидат придружувани од експерти и технократи.

Тој е исто така, и меѓу ретките луѓе кои не биле членови на тимот на поранешниот претседател Барак Обама, на кого Бајден му беше потпретседател од 2009 до 2017 година.

Слични содржини