Сашко Николов од редовите на СДСМ е кандидат за градоначалник на Штип за предвремените локални избори на 13 декември.
„Д-р Сашко Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница. Д-р Николов во изминатите години стекна висок углед како млад и квалитетен кардиолог, основач на штипскиот Оддел за интервентна кардиологија. Целиот свој професионален и човечки ангажман Николов го има посветено на непрекината, константна и професионална работа за граѓаните и нивното здравје“, соопштија од СДСМ.
Николов, откако стана пратеник по парлементарните избори кои се одржаа во јули.
Тој е кардиолог од Штипската Клиничка болница, кој пред 4 години се префрлил од приватна институција во оваа болница, со цел да допринесе повеќе за развојот на интервентната кардиологија и да понуди дополнителни услуги коишто биле недостапни за пациентите од овој регион.