„Кој е следен“ моментално нема намера да се вмешува во политика

од Nikola Popovski
130 прегледи

Претставникот на граѓанската иницијатива „Кој е следен“, Умер Мухамеди денеска информира дека почнуваат со етапното поднесување на нивните барања во однос на кочанската трагедија во која загинаа 61 лице. Ќе се почне со формално доставување до архивата на сите институции кои сметаат дека се надлежни за спроведување на барањата.

На прашање на „Локално“ дали доколку нивните барања се игнорираат од страна на властите, иницијативата „Кој е следен“ би прераснала во политичка партија или политички субјект, Муамеди истакна дека моментално немаат таква амбиција и дека „тука се за системски промени“, бидејќи, како што вели, јасно ни е на сите кој и да дојде на власт, со ваков поставен систем, не очекуваме дека нешто би се изменило.

-Ние секако дека ќе ги искористиме механизмите за остварување на барањата, но ништо не е исклучено во иднина, додаде Мухамеди.

„Системот заборава, ние не!“ – под овој слоган, иницијативата најави уште еден протест што ќе се одржи утре, четврток, со почеток во 18:00 часот пред Владата. Од таму, предвиден е марш преку Судскиот совет и Собранието до Кривичниот суд.

Фото: Локално

Д.Ѓ.

Слични содржини