„Кој е следен“ најави тивок собир и ѕвездено небо на шест месеци од трагедијата во Кочани

Како што пишува во објавата тоа не беше несреќа и не беше трагедија „туку масакр и свирепо убиство од страна на досфункционалните институции и партискиот картел“

од Nikola Popovski
31 прегледи Фото: Локално

Движењето „Кој е следен“ на социјалните мрежи информира дека младите од Студентско пленумско движење за вторник 16 септември, денот на навршување на пола година, планираат тивок собир и ѕвездено небо за 62-те згаснати млади животи во кочанската дискотека “Пулс”. Собирот е закажан на Плоштад Македонија за 20:16 часот.

Како што пишува во објавата тоа не беше несреќа и не беше трагедија „туку масакр и свирепо убиство од страна на досфункционалните институции и партискиот картел“.

Истрагата на Обвинителството резултираше со два клучни чекори. На 13 јуни беше поднесено обвинение за Тешки дела против општата сигурност против 34 физички и три правни лица. На 5 септември, пак, беше поднесен и обвинителен акт против сопственикот на фирмата за обезбедување „Рубикон секјурити солушн“, кој се товари дека лично раководел со дискотеката, дал инструкции за употреба на пиротехника, дозволувал влез на малолетници по полноќ и работел без безбедносен план, наводно со дозвола од властите.

И покрај овие чекори, од движењето „Кој е следен?“ сметаат дека борбата за правда мора да продолжи. Тие го опишуваат настанот не како несреќа, туку како „масакр“ и „свирепо убиство од страна на дисфункционалните институции и партискиот картел“. Повикувајќи на „тивок собир и ѕвездено небо“ на Плоштадот Македонија, тие порачуваат дека „болката мора да нѐ разбесни и поттикне на акција“.