Уште еден свиреп фемицид во Македонија кој поминува речиси незабележано во медиумскиот простор. И пред некој да побрза да ги обвини Ромите, муслиманите или било која друга етничка заедница, култура и религија за насилството врз жените, да се потсетиме дека жените се поттиснати во сите култури и народи. Тоа е универзален проблем за кој светот сè уште нема најдено вистинско решение. Жените и девојките од сите народности, професии и општествени класи и понатаму трпат насилство од невидени размери кое често завршува со нивното сурово убиство, велат во соопштение од иницијативата ,,Кој е следен?”.
Рамајана не ја убил само нејзиниот сопруг. Ја убил овој систем, кој е нехуман и премногу тромав за да ги реши нашите реални проблеми. Овој систем не нè штити и не нè претставува – напротив, нè лишува од секакво чувство на заедништво и поддршка. Системот нè убива и затоа системот мора да е следен.