„Кој е следен?“ со порака пред ОЈО: „Два месеца тишина – каде е правдата за Пулс?“

од Љубиша Владимиров
18 прегледи

Два месеца по една од најголемите трагедии во поновата историја на земјата, кога 61 млад живот згасна во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, движењето „Кој е следен?“ со герила-акција пред Обвинителството во Скопје ги потсети институциите дека одговорноста сè уште ја нема.

„Ова не е само бројка – ова се изгубени приказни, прегратки што нема да се вратат, и болка што не стивнува,“ порачаа од движењето, обвинувајќи за молк, политички препукувања и медиумска хајка врз семејствата кои бараат правда.

Активистите повикаа на неселективна правда и крај на системската корупција, која, според нив, е директна причина за трагедијата. Утре најавија протест во Кочани и ги повикаа сите граѓани да им се придружат и да им дадат поддршка на родителите на загинатите.

„Не смееме да заборавиме. Ова е борба за секој од нас – за живот без страв, без неправда, без молк.“

Слични содржини