Кој е Слободан Кашчелан, владетелот на балканското подземје?

од Nikola Popovski

Водачот на криминалниот Кавачки клан, Слободан Кашчелан, бил уапсен завчера синоќа под сомнение за организирање криминална група која извршила и планирала неколку тешки кривични дела, за што му се заканува казна затвор од 40 години. Кашчелан и тројца наводни членови на групата биле уапсени во Котор, а еден во Плевља.

Апсењето на Игор Божовиќ, еден од водачите на кланот и неговиот син Владимир во Португалија, притворањето на Вељко Беливук и неговиот тим и започнувањето истрага во Србија против Радоје Звицер, се само некои од силните удари што ги претрпе криминалната кавачка група во последните неколку месеци.

Кој е Слободан Кашчелан?

Кашчелан кој се смета за прв човек на Кавачкиот клан беше уапсен во Чешка во 2018 година по распишана црногорска потерница. Откако и беше предаден на Црна Гора во Подгорица почна судскиот процес против него. Судот ја прифати понудената гаранција од половина милион евра и му дозволи да се брани од слобода.

На пошироката јавност ѝ стана познат по неуспешниот атентат врз него и неговиот телохранител Владан Вучковиќ од Херцег Нови пред пет години во Нови Сад.

Маж на мотор тогаш отвори оган кон автомобил Ауди А6 во кој се наоѓаа и двајцата. Беа испукани повеќе од 15 куршуми, еден го погоди во стомакот, додека неговиот телохранител помина речиси неповреден.

Кашчелан беше уапсен во Чешка во 2018 година по распишана црногорска потерница. По неговото екстрадирање во Подгорица, судот ја прифати понудената гаранција од половина милион евра и му дозволи да се брани од слобода.

Кавачкиот клан е во војна со друг црногорски криминален клан исто така од Котор, во која се убиени десетици лица во Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Шпанија и во Италија.

Преживеал два атентати

Специјалното државно обвинителство и службениците на Секторот за борба против организираниот криминал неодамна, како што беше објавено, го спречиле убиство на Кашчелан.

Според тие тврдења, тој требало да биде ликвидиран на 22 јануари додека со блиндиран автомобил доаѓал на судење во Високиот суд во Подгорица. На тој ден, Кашчелан требал да биде нападнат на еден од семафорите во Подгорица, додека тој беше во автомобилот. Планот на криминалната група бил да активира импровизирана експлозивна направа, која тие ќе ја постават со приближување на неговото возило со мотор и прицврстување со магнет.

Специјалниот обвинител Саша Чаџеновиќ на прес-конференцијата објави дека реализацијата на криминалниот план е „прекината во моментот на извршување на кривичното дело“, без да објасни детали за тоа каде и како бил спречен планот на организацијата. Тој не го спомна името на метата.

Слични содржини