Кој е Виктор Афзалов – новиот командант на руските воздушни сили?

од Stefanija Kuzmanovska
408 прегледи

Новиот командант на руските воздушни сили Виктор Музафирович Афзалов е роден на 9 јуни 1968 година, пишува „Комерсант“.

Како што е објавено, Афзалов дипломирал на Вишата воена школа во 1989 година, на Воениот факултет за воздушна одбрана во 2000 година и на Академијата на Генералштабот на руските вооружени сили во 2010 година.

Тој го направил својот пат од началник на ракетните дивизии до прв заменик командант на руската армија и противвоздушната одбрана.

Во јули 2017 година, тој бил назначен за командант на Армијата и силите за противвоздушна одбрана на Источниот воен округ.

Една година подоцна, тој станал началник на Генералштабот – прв заменик врховен командант на Воздухопловните сили на вооружените сили на Руската Федерација.

Во 2020 година, Виктор Афзалов веќе беше вршител на должноста врховен командант на руските воздушни сили, додека Сергеј Суровикин беше командант на групата Обединети сили и ги предводеше трупите во зоната за специјални операции.

Во 2022 година, претседателот на Русија, Владимир Путин, на Виктор Афзалов му додели чин генерал-полковник.

Да потсетиме, претходно Воздухопловните сили на Руската Федерација ги предводеше генералот Сергеј Суровикин, а заедно со него оставки поднесоа и неговиот заменик генерал Андреј Јудин и генералот Николај Гостев.

Слични содржини