Кој е врховниот командат-Иванов се засили ?

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Претседателот  и врховен командат на АРМ  Ѓорѓе Иванов, ќе направи кадровски промени во врвот на Генералштабот на Армијата на Македонија, објави Алсат-М, повикувајќи се на извори од неговиот Кабинет.

ивановв

На чело на армијата, Иванов планира да го назначи бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, командант на единицата за специјални операции на АРМ, кој до неодамна му беше аѓутант и кој, според телевизијата, важи за професионалец кој бил на повеќе високи должности, а ја претставувал АРМ и во мисијата на ООН, УНИФИЛ во Либан.

Иванов, со ова би и задал политички удар на ВМРО-ДПМНЕ, која за оваа функција го планирала генерал-мајорот Димче Петровски.

Извори од армијата тврдат дека од назначувањето на нов началник на Генералштабот ќе зависи дали АРМ целосно ќе се партизира со оглед дека освен за именувањето началник, владејачката ВМРО-ДПМНЕ го имала последниот збор за секое упатување во мисиите во странство, за школување или за унапредување. Тоа, тврдат нашите извори, предизвикува голем револт во редовите на армијата, што не е исклучено набрзо да кулминира.
Актуелниот началник Котески, кој беше неформален член на Совет на интелектуалците на ВМРО-ДПМНЕ, а неговиот брат еден од главните финансиери на партијата во Прилеп, токму поради добрата партиска позиционираност, ќе замине за амбасадор на Република Македонија или пак ќе биде упатен за нов воен аташе во седиштето на НАТО.

 

Ама сепак да видиме  како Врховниот ќе реши може и ќе го  предомисли некој телефонски разговор!?