Кој фрла шприцови во контејнер кај „Борис Трајковски“?

од Берта Китинска
303 прегледи

Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена и на Градскиот инспекторат во Скопје изминатиот викенд пронашле медицински отпад – шприцови, кои биле фрлени во контејнер во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, соопштија од Град Скопје.

„За време на овие акции, во контејнер за комунален отпад поставен во близина на СЦ „Борис Трајковски“, пронајден е несоодветно фрлен медицински отпад (шприцови). Инспекциските служби во наредниот период ќе работат на пронаоѓање на лабараторијата која несоодветно го одложила медицинскиот отпад, по што истите ќе бидат санкционирани.Во текот на вчерашниот денот беа контактирани и специјалните служби на ЈП „Дрисла“ кои со специјална опрема го превзедоа медицинскиот отпад и истиот го транспортираа до депонијата каде ќе биде соодветно третиран“, велат од Град Скопје.

Слични содржини