273
Рускиот опозиционер Алексеј Навални има поддршка од американските специјални служби, но, како што наведува претседателот на Русија, Владимир Путин, тоа не значи дека треба да биде отруен.
– Жената на Навални ми се обрати и јас веднаш наредив да го пуштат (да замине на лекување во Германија) – потсети претседателот.
Според шефот на државата, написите за „труењето на Навални“ не се истрага, туку објавување на материјали од американските специјални служби, чија цел е да го нападнат првиот човек на Русија.
Покрај тоа, според него, „потребно е да не се добие признание од луѓето со трикови, туку со конкретни дела“.