Кој гради во кампот Ливадишта кај Струга ?

од Берта Китинска
336 прегледи

Лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села на социјалните мрежи обвини за нови дивоградби и предупреди дека граѓани пријавиле за пет викендички на кампот Ливадиште кои изгледа се граделе  од страна на градоначалникот Meрко и неговите блиски, на земјиште во сопственост на ЕСМ . Според него, овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако нивната партија го објави своето ребрендирање во зелена партија.

-Овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако нивната партија го објави своето ребрендирање во зелена партија.

Ја повикувам јавно Владата на Северна Македонија веднаш да ја запре оваа нелегална градба, додека, инспекторатот и обвинителството да обезбедат преземање на соодветни мерки против нарачателите)стои во објавата на Села.

Градоначалникот  Мерко ги отфрла ваквите обвинувања објаснувајќи дека тие  градби се на ЕСМ  .

– Опозицијата има право да критикува и да измислува.Ние не паѓаме под такви измислувања. Ќе го прашате директорот, што знам јас таму. Тоа е сопственост на ЕЛЕМ и агенцијата Елем турс, ќе ги прашате и ќе ви кажат“, рече Мерко.

Слични содржини