Кој и зошто го крие случајот „Маѓар Телеком“?

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Гешковска и Зврлевски не и ги даваат на специјалната обвинителка Катица Јанева предметите „Маѓар телеком“, предметот против Зоран Верушевски за недозволено поседување на оружје и предметот против неговиот син за производство и дистрибуција на детска порнографија, за да утврдат дали имаат надлежност над нив.  На што ја темели одлуката обвинителството, кога во законот за Специјално обвинителство јасно е потенцирана независноста на тимот на Јанева, прашува А1ОНSJO-1

Дека таа одлучува за кој предмет е надлежна, и тоа што ќе го побара од државните и судски органи, мора да и го дадат, законски е покриено , но  зошто и кој се плаши од случајот „Маѓар Телеком“?

Познавачите за А1он велат дека многумина се заинтересирани за „пикање“ под тепих на случајот.  Меѓу нив и првиот човек на обвинителството, во чија надлежност бил и предметот, бил отворен и затворен и  без епилог. Видни функционери и од поранешната власт „брцнале“ од благодетите на „Маѓар Телеком“.

Експерти велат, сега Гешковска и Зврлевски купуваат време со тоа што на изјаснување се повикува Советот на јавни обвинители, бидејќи Советот не е процесен орган и не е учесник во постапката.  Аферата во „Маѓар телеком“ за поткуп на политичари во Црна Гора и Македонија, до денеска нема завршница.

Повеќе ТУКА