„Кој како знае и може, да се снајде “: Дел од градинките во понеделник нема да згрижуваат деца

од Берта Китинска
292 прегледи

Се поизвесно е дека на штрајкот на 11 април (понеделник), најавен од СОНК меѓу другите вработени во образованието, ќе се приклучат и воспитувачките и негователките од градинките.

До родителите почнаа да пристигнуваат извесувања дека во понеделник нема да се згрижуваат децата во градинките.

„Воспитувачката ме извести дека во понеделник ќе штрајкува. Од сите вработени во клоновите на градинката, само неколку вработени нема да штрајкуваат. Кој како знае и може, добро би било да се снајде за во понеделник“, стои во пораката која е испратена од мајка на дете кое оди во градинка во Скопје.

Вработените во образовниот систем се подговотвени да штрајкуваат и да не држат настава во училиштата, велат од СОНК за „Локално“.

Од таму се категорични дека вработените не очекуваат поддршка од директорите.

– Очекуваме поддршка од меѓународните синдикални организации и блиските соседни синдикати, од јавноста, од невладините организации, како и од домашните синдикати, посочуваат од СОНК.

Оттаму информираат дека нема најава за нов разговор со надлежните и дека во дел од образовнит

Во оваа најкризна година, ако се зголемат платите во овој сектор, државата ќе се доведе во ситуација да не може да ги сервисира обврските. Ова е ставот на премиерот Ковачевски за емисијата 360 околу најавениот штрајк на СОНК, преку кој бараат зголемување на платите за 18,5%.

Премиерот вели дека се бара методологија која ќе обозможи пораст на платите, но во иднина и без политички влијанија. Сегашното зголемување, само ќе ја подргее инфлацијата .

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, пак, порача дека дијалогот продолжува и оти ќе се обидат до 11 април да најдат решение.

-Разговаравме за решение кое ќе значи трајно решавање на проблемот со системот на плати. Легитимно право е на секој да протестира, меѓутоа во делот на детската заштита децата треба да бидат згрижени. И по Устав и по Закон не смее да биде прекинат процесот за згрижување на деца, изјави Тренчевска.

Доколку воспитувачите одбијат да ги примат децата во градинка, како што кажа, Законот за детска заштита предвидува казни.

-Треба да си обезбедат замена на сите оние коишто ќе штрајкуваат, појасни Тренчевска.

Слични содржини