Kој ќе ги земе парите за санација на обиколницата, прашува Коалицијата за промени и правда

од Vladimir Zorba
72 прегледи

15267552_1837726846472170_7559455618531987545_n-768x576

Коалицијата за промени и правда вчера праша, кој ќе ги земе парите за санација на обиколницата. Според оваа Коалиција, обиколница околу Скопје наместо добри носи лоши спомени. На ова место се случи убиство на 5 македонски невини деца, за кој случај јавноста се уште нема вистинска информација иако долго врме беше лажена дека вистината ке биде објавена јавно. Некој си играше со чувствата на родителите и останатите и собираше политички поени?

На 06 август 2016 год на овој дел се случи елементарна природна непогода која направи големи оштетувања на државниот пат А2, односно на делови од обиколницата на Скопје. Животите ги загубија 23 лица, безброј моторни возила беа уништени и однесени од надојдената вода во околните ниви, целото земјоделско производство беше уништено, а домашните животни во голем број беа удавени. Штетата беше огромна.

Со оглед на важноста и значењето на обиколницата за градот Скопје како и за цела Македонија утврдена беше потреба од итна санација на истата.

Јавното претпријатие за државни патишта по добиена согласност од Советот за јавни набавки, спроведува избор на изведувач на работите (економски оператор) преку ПРЕГОВАРАЊЕ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ ОГЛАС.

Избран со директна спогодба е економскиот оператор ДГТТ ТРАНСМЕТ ДОО – Скопје кој понудил најниска прифатлива цена во износ од 139.976.534,00 денари без вклучено ДДВ или 165.172.310,00 денари с о вклучено ДДВ. (поевтина од Граник и Ескаватори помеѓу 600.000 – 700.000 евра)

Временскиот рок за санација на државниот пат А2, Обиколница на Скопје е договорен на 4 (четири) месеци од воведување во работа. Избраниот економски оператор е воведен во работа на ден 21.10.2016 година

ЕПИЛОГ :

Состојбата е статус кво како и дента после поплавата .Воведениот времен сообраќаен режим на обиколницата од 2
Изведувачот на работите од 10.2016 година до денес една лопата нема фрлено. Досега ниту луѓе ниту машини сме виделе.
Сериозна е потребата обиколницата најитно да биде оспособена за нормално одвивање на сообраќајот – штетите се големи.

ПРАШАЊА:

Зошто избраниот (со директно преговарање) економски оператор и по поминати поминати скоро 1,5 месеци од воведувањето во работане отпочнал со работа?
Дали мисли да асвалтира во јануари и февруари кога температирите се екстремно ниски. Во старт ова значи некавалитетна изведба на работите
Не е отпочнато со обнновување на горизонталната и вертикалната сигнализација долж целата обиколница
Итноста за која е избран изведувачот неналага неработење и чекање на последниот рок, туку работење и побрзо оспособување на обиколницата?
Како покрај толку светски реномирани економски оператори е избран оној кој има најмало искуството со оваа работа?
Дали најниската понудена и договорена цена (далеку под сите останати) за изведба на работите е само параван и алиби за да работата ја добие фирма блиска до фамилијата односно до нивниот експонент и гол извршител поранешен министер за транспорт и врски осомничен за повеке кривични дела, но и сега за жал Министер во сенка кој и понатаму ги влече сите конци во оваа министерство?

Тема 2: Вчерашната анкета на Агенцијата Рејтинг објавена на Канал 24 вестие манипулативна анкета. Агенцијата Рејтинг покажа дека работи и се однесува исто како Институтот Павел Шатев. Во анкетата нема буква ,,О” од објективност и реалност

Коалицијата за промени и правда има огромни симпатии и рејтинг кај граѓаните на Р. Македонија, За нас секој ден се повеке се изјаснуваат како неопределеното гласачко тело кое во овој момент брои околу 35%, така и разочараното лево и десно ориентирано граѓанство. Токму тоа е болката и на СДСМ и на ДПМНЕ. И едните и другите се плашат од Коалицијата за промени и правда и се обидуваат со наместени (штелувани) податоци и бројки да го урнат нашиот се поголем рејтинг за сметка на партии и коалиции кои се контролирани и финансирани од нивна страна, но и кои се создадени наменски по нивна нарачка.

Им порачуваме дека очајничкиот обид нема да им успее.