
Светот штотуку го обиколи веста дека лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун починал по операцијата за вградување на стент, а веќе се споменуваат многу потенцијални наследници.
Ким Јо-џонг е едно од тие имиња. Родена во 1988 година, таа е најмладата ќерка на Ким Јонг-ил и сестра на Ким Јонг-ун. Таа е член на Политбирото и заменик директор на Одделот за пропаганда на Работничката партија на Кореја.
Минатиот месец, таа ја даде својата прва јавна изјава, велејќи го „исплашено лаење на кучиња“ на Јужна Кореја, откако Сеул протестираше против воените вежби. И во март, таа јавно го пофали Доналд Трамп што испрати писмо до Ким во надеж дека ќе одржува добри билатерални односи, нудејќи им да помогне во решавањето на пандемијата од коронавирус.
„Давањето политички изјави во име на Ким Јонг-ун ја потенцира нејзината централна улога во режимот“, вели Јонгшик Бонг, истражувач од Институтот за севернокорејски студии на Универзитетот во Сеул.
„Откриено е дека Ким Јонг-ун и дозволил да напише толку сурова изјава за Јужна Кореја, така што е јасно дека е подготвен да и дозволи на својата сестра да стане негово алтер его“, рече Бонг.
Ким беше вклучена во уредувањето на подемот на нејзиниот брат како следен врховен лидер, откако Ким Јонг-ил претрпе два удари во 2008 година, но не беше споменувана од севернокорејските државни медиуми до март 2014 година, кога го придружуваше својот брат за време на изборите за Народното собрание.
Во меѓународен амбиент, Jо-џонг имаше видно присуство за време на дипломатскиот процес на режимот со Вашингтон и Сеул. Во нејзината матична држава, таа ја имаше улогата на главен пропагандист, зачувувајќи го угледот на Ким како водач на династијата што владееше со Северна Кореја три генерации.
„Таа има директен пристап и силно влијание врз Ким Јонг-ун“, рече Леонид Петров, севернокорејски специјалист и предавач на Меѓународниот колеџ за менаџмент во Сиднеј.
– Таа не е поврзана со неговите чистки, но таа знае сè за нив. Таа е доверлива политичка личност која помага на Ким да одржува позитивен имиџ во јавноста кога има работа со странци или Јужнокорејците.
Во време кога Ким е во сериозна здравствена состојба после операцијата на срцето, се шпекулира дека неговата 31-годишна сестра ќе ја преземе улогата на владетел.
Сепак, експертите веруваат дека културата на машкост и почит кон постарите лица никогаш нема да дозволи помлада жена да владее со земјата. Петров посочува дека е само личност од доверба и нема да може да биде ништо повеќе од тоа.
Но, Ана Фифлид на „Вашингтон пост“ не е на тоа мислење.
„Ким Jo-џонг е единствената во семејството Ким која е во состојба да го преземе режимот од Ким Јонг-ун“, напиша таа.