Кој ќе ја напушти Барса – Обамејанг или Депај?

од Vladimir Zorba
386 прегледи

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во директен текст призна дека клубот сака да се раздели со Самуел Умтити и Мартин Брајтвајт, но освен тоа, Каталонците бараат начини да се ослободат од играчите кои минатата сезона имаа значително посериозна улога. Очекувањата се дека еден од Пјер-Емерик Обамејанг и Мемфис Депај ќе го напушти „Камп Ноу“.

Челси е заинтересиран за Обамејанг. Според новинарот Фабрицио Романо, „сините“ од Лондон се уште немаат дадено понуда за напаѓачот од Габон. Сепак, тоа би можело да се случи по продажбата на Тимо Вернер во РБ Лајпциг, што е прашање на часови.

Обамејанг е среќен во Барселона, но не би отфрлил враќање во Премиер лигата, каде што имаше успешен период со Арсенал. Сепак, се зависи од финансиските услови – и за него и за Барса.

Во исто време, Депај преговара со шефовите на „Камп Ноу“ за раскин на договорот. Доколку стане слободен играч, репрезентативецот на Холандија ќе се обиде да потпише со клуб кој учествува во Лигата на шампионите. Опција за него е Јувентус.

Едно е сигурно: Барселона нема намера да ги загуби двајцата напаѓачи.

Слични содржини