Кој ќе ги управува „ер-тракторите“? Тошковски: Пилот не се прави за шест месеци

од Nikola Popovski
53 прегледи

Управувачкиот комитет за координација и управување ќе ангажира надворешни соработници за да ни помогнат во увидување на проблемите во системот за управување со кризи. Според министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, се одвивале разговори со професор од Универзитетот во Аризона кој има желба да помогне.

Министерот истакна дека професорот е експерт за кризен менаџмент и смета дека тој со својот кредибилитет ќе помогне во рамки на сето она што треба да се стори во Македонија.

Околу ситуацијата со „ер-тракторите“, кој ќе ги управува и дали повторно ќе се вратат пензионираните пилоти, Тошковски посочи дека „пилот не се прави за шест месеци или една година“.

-Сега јас да си го лажам народот, готово е, ние создадовме нови, со магично стапче чукна некој и завршивме работа… тоа не го правам. Тие се капацитетите и ресурсите. Се што треба да се стори, ќе се стори, согласно капацитетите и во рамки на што е потребно. Топла вода не можеме да измислиме, рече министерот на прес-конференција во просториите на Центарот за управување со кризи.

Според него, постојат амбиции за создавање нов Центар за обука за пилоти во Македонија.

Лани летото, ДЗС по неколкумесечната неизвесност за функционалноста на авио-одделението, потпиша договор со двајцата пензионирани пилоти на „Ер трактор“ со кој тие беа ангажирани до крајот на 2024 година. Пилотите помогнаа во справувањето со пожарите кои одреден период во летните месеци беснееа во земјава.

Слични содржини