Кој му испратил бомба на Волфганг Шојбле?

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Пакетот со експлозивна материја, кој пристигнал по пошта во Министерството за финансии на Германија во Берлин, на името на министерот Волфганг Шојбле, бил испратен од грчката престолнина Атина, пренесе Франс прес.

Според германскиот весник “Билд” за испраќачот на сомнителни пакет бил наведен грчкиот пратеник Спиридон – Адонис Георгиадис. Терорист или терористи очигледно  го користеле моето име, бидејќи во Грција јас се сметам за пријател на Германија, вели грчкиот политичар за весникот. Сомнителениот  пакет стана причина за евакуација на неколку простории од зградата на министерството во Берлин. Според податоците на берлинската полиција експлозивите во пакетот биле со ниска моќност, сличнна на петардите или сила на огномет.

Извор: БНР