Кој не би смеел да јаде црвено месо и зошто?

од Stefanija Kuzmanovska
396 прегледи

Многу истражувања досега покажаа дека редовното консумирање црвено месо е поврзано со зголемен ризик од развој на висок холестерол и висок крвен притисок, што дополнително може да доведе до срцеви заболувања и развој на одредени видови на рак.

Како што пренесува порталот „Eat This“, некои студии дури откриле дека прекумерното внесување на црвено месо го зголемува ризикот од развој на дијабетес, па дури и може да го скрати животниот век.

Иако е разбирливо дека повременото консумирање црвено месо нема да предизвика такви негативни последици, сепак диететичарите предупредуваат дека одредени групи луѓе не треба да јадат ваков вид месо, туку треба да го избегнуваат што е можно повеќе.

Тоа подразбира:

– лица кои имаат висок холестерол

– лица со болести на кардиоваскуларниот систем

– лица со напредна бубрежна болест

– оние со семејна историја на рак на дебелото црево, пренесува N1 Загреб.

Слични содржини