Кој пијалок е најлош избор во топлите денови?

од Stefanija Kuzmanovska
379 прегледи

Што никако не треба да пиете ако сакате да се разладите на топол ден?

Нашето тело согорува течност многу побрзо на топло време, па затоа хидратацијата е од витално значење. Но, не е сеедно што пиеме кога надвор е топло. На веб-страницата sctimes.com се издвојуваат најлошите пијалоци што можеме да го конзумираме на жештините.

Станува збор за безалкохолни пијалоци полни со шеќер, пред се газирани сокови.

Поради нивната многу висока содржина на шеќер и кофеин, овие слатки пијалоци се најлошиот летен избор. Кофеинот е диуретик, го зголемува излачувањето на течности од телото и затоа не помага при хидратација. И иако нивото на кофеин во лименка газиран пијалок е обично пониско од она во шолја кафе, тој, во контакт со шеќерот во овие сокови, може да го оптерети телото.

Препорачаната дневна количина на шеќер е 39,5 грама за мажи и 25 грама за жени, но една лименка сода има околу 39 грама шеќер. За жените тоа е значително повеќе од препорачаниот дневен внес на шеќер, а секако е лошо и за мажите бидејќи со некоја друга храна или пијалок во текот на денот дефинитивно ќе го надминат оптималниот дневен внес.

Телото користи вода за да го метаболизира рафинираниот шеќер, а ако постојано пиете газирани сокови на топол ден, влегувате во бесконечен циклус на пиење и жед.

И иако можеби нема да можеме веднаш да го забележиме, тоа несомнено има последици по телото, пред се затоа што високата температура го зголемува ризикот од топлотен удар, исцрпеност, дехидрација, што никако не е за потценување.

Слични содржини