ВМРО-ДПМНЕ го немаат извештајот нод ЕУ и САД. Ја знаат содржината ама никој од раководството на владеачката ВМРО-ДПМНЕ се уште официјално не го примил извештајот на ЕУ и САД со оценката дека не се исполнети условите за фер и регуларни избори на 24 април.Тие веќе го искоментираа, и го кажаа противењето. НОо зошто го немаат , кога американскиот амбасадор Џес Бејли беше тропнал на вратата на премиерскиот кабинет?

Ккоа што пишува Либертас ,синоќа амбасадорот на Сад, Бејли и заменикот на ЕУ амбасадорот, во обид лично во премиерскиот кабинет да му го предадат извештајот на техничкиот премиер Емил Димитриев, завршиле со кус разговор со секретарката.Таа се извинила и им пренела дека не се во дневната агенда на Димитриев и дека претходно не биле најавени.Извори на Либертас тврдат дека техничкиот Димитриев добил партиска инструкција да си замине дома во Пробиштип и да не ги прими амбасадорите во обид да му го дадат извештајот со оценката.Инструкции веројатно им биле дадени и на вицепремиерите да не се појават, иако се наметнува тогаш прашањето зошто ако премиерот не бил тука, немало заменици или не бил министерот за надворешни.Или тоа било скриено и изрежирано токму од премиерскиот кабинет?
Сепак, изјавата за медиумите амбасадорите ,откако не успеала средбата и премиеорот ги одбил, а вицепремиерите не се ни појавиле , ја дадоа во дворот пред зградата на владата.
Либертас пред неколку дена објави и дека во премиерскиот кабинет иако јавно заминат сепак седел екс премиерот Никола Груевски.
Изворот бележи случка во која Министер во владата се јавил кај секретарката Лена и го побарал премиерот. Таа го поврзала, но од другата страна на слушалката наместо Димитриев бил гласот на Груевски.Тој како што откри нашиот извор на „Ало“ од другата страна се запрепастил и рекол „Никола“… а од таму Груевски одговорил: „Да, да ајде кажи што треба“!?
ИЗВОР Либертас