Кој што јаде за појадок во светот

од Vladimir Zorba
426 прегледи

“Појадокот јади го сам, ручекот подели го со пријателите, а вечерата дај ја на непријателот”. Варијанти на оваа поговорка се среќаваат низ целиот свет и покажуваат колку е распространето верувањето дека првиот оброк во денот е најважен. Но, она што се подразбира под “појадок” зависи многу од географијата. Business Insider презентира неколку класични закуски од различни делови на светот.

Австралија – Типичниoт појадок се состои од ладни мусли и тост, намачкани со традиционалниот “веџимајт” – паштети, приговен од пивски квасец.

Бразил – очекувајте да ви служат шунка, сирење и леб, придружени од кафе и млеко.

Велика Британија – традиционалниот појадок вклучува јајца, колбаси, сланина, грав и печурки.

Германија – Типичниот појадок вклучува ладни колбаси, локални видови сирење и свежо печен леб.

Индија – “идли вада” е традиционален појадок во јужниот дел на земјата. “Идли” е тесто, приготвено од ферментирана црна леќа и ориз. Се служи заедно со сос, сличен на нашата лутеница и “самбар”, зеленчукови јадења со леќа и многу зачини.

Италија – многу Италијанци го започнуваат денот со капучино и пишкоти (или друг вид печени колачи).

Кина – традиционалните закуски во Кина варираат многу во зависност од регионот, но едно од најпопуларните е “чад сум” – кнедли со различни додатоци.

Колумбија – традиционалниот појадок во Богота е чангуа – супа со млеко, зелен кромид и јајца.

Куба – Типичниот појадок е “кафе кон лече”, кафе со млеко, заедно со “тостада” – кришка намачкана со масло и зеленчук на скара, кое се топи во кафето.

Мароко – појадокот обично се состои од тортиљи со слатко, сирење или масло.

Нигерија – заради етничката разновидност во земјата има различни традиционални закуски. Една од нив е “мои-мои” –  паста од грав обвиткана во листови и подготвена на пареа.

Португалија – стандардниот појадок вклучува кроасани, полнети со мармалад или сирење, кои се јадат со кафето.

Русија – едно од традиционалните јадења за појадок се т.н.. “сирники”, тестенини, слични на нашите мекици, полнети со меко сирење или урда, и топла каша. Ржен леб исто така е популарен.

САД – иако е сосема поинаков на различни локации, типичниот американски појадок обично вклучува јајца, сланина, палачинки или мусли.

Турција – традиционалниот појадок се состои од леб, сирење, масло, маслинки, јајца, домати, краставици, слатко, мед и “кајмак”. Може да вклучува и зачинет колбас (суџук) и турски чај.

Франција – традиционалниот појадок вклучува кафе и кроасани.

Јапонија – традиционалниот појадок вклучува супа Мишо, ориз на пареа и мариниран зеленчук.

И не на последно место … Македонија : Еден типичен појадок: бурек и јогурт!