Звукот на аалрмот можеби го перцепираме само како обичен звук кој ни го прекинува сонот и ни најавува дека треба да се разбудиме и да се подготвиме за претстојниот ден.
Но, сте помислиле ли некогаш дека токму изборот на мелодија за алармот влијае врз тоа дали ќе бидете расположени или намуртени веднаш по будењето.
Често избираме иритирачки и повторувачки звуци поради кои може и вие да бидете нервозни и надразнети. Но, токму ваквиот звук прави да се чувствувате ненаспано, како некој насилно да ве разбудил и телото ви е во состојба на шок.
Вистина е, ваквите тонови ќе ве разбудат веднаш, но во исто време прекинуваат важни процеси во мозокот, кои реално траат по неколку секунди, но се клучи за целото ваше тело да се стави во работен погон.
За поефикасно да се разбудите, изберете мелодични звуци, комбинирани со релаксирачки ритам, па дури и извадок од песна. Колку поприродно звучи мелодијата, толку е поверојатно дека вашите тело и мозок нема да бидат во шок веднаш по будењето и полесно ќе можете да се подготвите и да работите.