Која дама ги освои позитивните, а која негативните критики за својот изглед на доделувањето на Оскарите?

од Stefanija Kuzmanovska
468 прегледи

Синоќа, престижната церемонија на Оскарите се одржа 93-ти пат по ред, а жените ширум светот со нетрпение чекаа да ја видат парадата на луксузните тоалети. Рис Вотерспун беше меѓу најдобро облечените дами. Модните критичари не успеаја да ѝ најдат маана.

Рис Витерспун е дефинитивно актерка која се истакна на синоќешните Оскари. Таа го освои црвениот тепих со модната комбинација и заработи чиста десетка за стајлинг.

„Вистинска филмска дива треба да изгледа токму вака“, се согласи модното жири.

Овој пат, актерката избра долг темно црвен фустан, со виолетови детали, а оваа необична комбинација на бои ѝ даде посебен печат на целата комбинација. Бидејќи е русокоса, овие нијанси одлично ѝ прилегаа.

Таа ја истакна својата половина со тенок појас, а од накит носеше дијамантски обетки и нараквица. Дефинитивно една од најдобро стилизираните дами на оваа раскошна церемонија.

За актерката Кери Мулиган и нејзината модна комбинација не престанува да се зборува, но причината воопшто не е убава. На синоќешната церемонија на Оскарите, таа прошета во тоалета која не успеа да ги воодушеви ниту публиката, ниту модните познавачи.

Во морето на луксузни тоалети, таа се истакна, но како пример за тоа како не треба да се облекува за овој престижен настан.

„Златно балско здолниште и минијатурен топ се апсолутно лош избор“, коментира еден од модните експерти.

Иако критиките само постојано надоаѓаа, се чини дека тоа воопшто не ѝ пречи, затоа што позираше гордо и не ја симна насмевката од лицето.

Слични содржини