388
Ирска е најуспешна земја на Евровизија, според статистичките податоци објавени од организаторите по годинашното издание на овој европски музички фестивал.
Во Ротердам се одржа 65. избор на песна на Евровизија.
Натпреварувањето се организира од 1956 година, а сè започна во Швајцарија кога само седум земји учествуваа на Евровизија.
Вкупно 50 земји имаа претставници на овој музички фестивал во изминатите 65 години.
Со седум победи, Ирска е најуспешната земја на ова натпреварување, а Шведска победи шест пати.
Луксембург, Франција, Холандија и Велика Британија имаат пет победи.