Која е Екатерина Сакеларопулу, првата жена претседател на Грција?

од Nikola Popovski
234 прегледи

Грчкиот парламент денес ја избра поранешната шефица на Врховниот суд во Атина, Екатерини Сакеларопулу (64) за прва жена претседател на Грција.

Сакеларопулу е родена во Солун во 1956 година и студиите ги завршила на Правниот факултет на Универзитетот во Атина во 1978 година, пренесува „Greek Reporter#.

Својата специјализација ја заврши во Сорбона во Париз за време на отсуството од Врховниот суд на Грција помеѓу 1989 и 1990 година.

На предлог на СИРИЗА, Сакеларопулу беше промовиран во шефица на Врховниот суд во октомври 2018 година.

Има огромно искуство во наставата, како советник за образование и надворешна политика во Министерството за надворешни работи и во синдикатот на судии.

Како долгогодишна судијка, таа ја вршела функцијата претседател на грчкото друштво за животна средина од 2015 година и активно работела на големи случаи на животна средина, вклучително и пренасочување на реката Ахелос во Тесалија и зачувување на историски бегалски згради на авенијата Александра во Атина.

Сакеларопулу е автор на повеќе книги и зборува англиски и француски.

Што се однесува до нејзиниот приватен живот, таа е разведена, мајка е на едно дете и живее во Атина.