Истражување спроведено на 3.000 испитаници покажало дека веројатноста за раскинување или развод е поголема ако е повисока старосната разлика меѓу партнерите.
Во врските во кои старосната разлика е пет години, веројатноста за раскинување е 18 отсто, а партнерите со разлика од 10 години имаат дури 39 отсто веројатност за раскинување на врската.
Најлоши резултати, со веројатност од 90 отсто за раскинување, имаат двојките со старосна разлика од 20 години и повеќе.
Најдобра старосна разлика меѓу партнерите е една година и кај овие партнери има само 3 отсто шанси за раскинување.
Експертите сметаат дека причината за ваквите резултати е фактот дека луѓето на различни возрасти и во различни фази од животот сакаат различни работи и имаат поинакви животни вредности.