На местото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој си поднесе оставка од пратеничката функција доаѓа наставничката по математика, Драгица Ѓавочанова која ќе седне на пратеничкото столче во Собранието.

Ѓавочанова доаѓа од Богданци. Таа на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата „Можеме“ во Изборната единица 4 беше на 11-та позиција. Во оваа изборна единица социјалдемократите освоија 10 пратеници, а по оставката на Заев, влегува и единаесетата, Ѓавочанова.