Која е жената со која најбогатиот човек на светот доби близнаци во тајност?

од Stefanija Kuzmanovska
403 прегледи

Елон Маск, извршен директор на Tesla и SpaceX, е татко на девет деца. Медиумите досега знаеја за неговите пет деца од првиот брак и двете деца со позната музичка ѕвезда, а од вчера се пишуваше дека има близнаци и со извршниот директор на една од неговите компании.

Мајка на близнаците на Маск е Шивон Зилис, извршен директор во неговата компанија Neuralink, која се надева дека ќе развие компјутерски чип за човечкиот мозок, според документите до кои дојде Business Insider.

Професионалните врски на Зилис со Маск датираат од април 2016 година, кога таа стана советник на OpenAl. Маск е основач на OpenAl, непрофитна истражувачка лабораторија со наведена мисија „да се осигура дека вештачката интелигенција има корист за целото човештво“.

Зилис работела и за Tesla и Neuralink од 2017 година. Во моментов работи како директор за операции и специјални проекти во Neuralink.

Медиумите дојдоа до судски поднесоци поврзани со промена на правните имиња на децата со презимињата Маск и Зилис. Судската одлука во округот Тревис, Тексас, укажува дека барањето за промена на името првично било поднесено во април 2022 година и било одобрено на почетокот на мај – одговарајќи на датумите во документите објавени од Business Insider.

Ова е втор пат Маск да има близнаци. Со првата сопруга има пет деца, од кои две се близнаци. Подоцна имал две деца со музичарката Клер Баучер, попозната како Грајмс. Нивното второ дете е родено во декември 2021 година преку сурогат мајка.

Зилис ги родила близнаците на Маск минатата година, пред тој да го добие второто дете со Грајмс.

Слични содржини