Која маска најмалку го попречува говорот, односно преку неа најдобро се слуша гласот?

од Stefanija Kuzmanovska
380 прегледи

Најново истражување покажа дека хируршката маска најмалку го попречува препознавањето на говорот, односно преку неа најдобро се слуша гласот.

Ова го изјави истражувачот на Одделот за невролошка хирургија на Медицинскиот факултет Фајнберг од Чикаго, Џавад Фарес, пренесува Си-Ен-Ен.

Истражувањето е направено откако е забележано дека луѓето кои носат маски помалку се разбираат меѓусебно, односно нивниот говор е потешко разбирлив, а резултатите се добиени со испитување на четири типа маски – две платнени, хируршка и N 95. Дуплите маски не биле земени предвид.

Еден од авторите на студијата, Џозеф Тоскано, професор по психологија и наука за мозокот на Универзитетот во Пенсилванија, рече дека претходна студија за тоа како различните маски влијаат врз говорот служела како инспирација за истражувањето.

Посебен проблем е што маските им оневозможуваа на луѓето со оштетен слух да комуницираат, кои читаат од усни.

Експертите предупредуваат дека што и да правиме, не треба да ја тргаме маската.

„Нашата студија сугерира дека загриженоста за вербалната комуникација не е сама по себе неопходна причина да не се носи маска во секојдневни ситуации“, рече Тоскано.

Слични содржини