Бен Афлек и Џенифер Лопез минуваат низ голема криза, пренесуваат странските медиуми.
Бракот на Бен Афлек и Џенифер Лопез постојано е под лупата на медиумите, а откако веќе неколку пати негираа какви било проблеми во односот, овој пат изгледа дека сепак не е се совршено.
Како што пишуваат странските медиуми, оваа двојка се повлекла и моментално се справува со тешки одлуки околу заедничкото родителство, со оглед на тоа што и двајцата имаат деца од првиот брак.
„Фазата на меден месец заврши. Се разбира, тие се уште се лудо вљубени, но се под голем притисок поради работните обврски и центарот на вниманието и спојувањето на семејството“, изјавил извор за In Touch.
Инаку, тие често беа во јавност со своите деца, но во последно време се шпекулираше дека Афлек е многу поблизок со поранешната Џенифер Гарнер отколку што треба.
Да потсетиме, Џеј Ло ги има близнаците Макс и Ема, додека Бен ги има ќерките Вајолет и Серафина и синот Семјуел.
„Бен и Џенифер Гарнер се многу блиски. Всушност, во последно време имаше многу заеднички фотографии на кои Бен изгледа толку среќно, посреќно отколку што обично изгледа кога е со Џенифер Лопез. Таа не мисли дека Бен сака да ѝ се врати на поранешната, но која жена не би била малку љубоморна“, додал изворот.