Кокаин, хероин и таблети најдени во Кумановско, приведени се двајца

од Илинка Илиоска
3,7K прегледи

На 16.06.2024 во 04.00 часот во Меморијалниот центар во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Д.К.(29) и А.П.(22), двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени кокаин, хероин и таблети, соопшти МВР.

Д.К. и А.П. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

Слични содржини