Коке откри како се спречува Меси: Трчаш и се молиш

од Vladimir Zorba
193 прегледи

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпанскиот национален фудбалски тим Коке откри пред натпреварот со Аргентина утре дека нема рецепт за запирање на ѕвездата на „гаучосите“ и Барса, Лионел Меси.

„За мене тој е најдобар во светот. Кога си на теренот против него едноставно се надеваш дека нема да има добар ден. Многу е тешко да го запреш. Треба да покриеш многу голем периметар од теренот и секогаш да се враќаш во одбрана. И да не престанеш да се надеваш, дека нема да има силен ден“, рече Коке.

„Знаеш дека подготвува финта – го гледаш, се подготвуваш да го покриеш. И тој ја прави. Или ќе измисли нешто, бидејќи е толку креативен … Речиси е невозможно да биде запрен. Секој од неговите соиграчи го бара, без разлика дали станува збор за Барса или Аргентина. Нормално е да сакаш да му ја подадеш топката кога е во твојот тим, бидејќи тој е бр.1“, додаде Шпанецот.