Кокошков нов тренер на Фенербахче

од Vladimir Zorba

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Игор Кокошков, е нов тренер на Фенербахче, соопшти денеска турскиот клуб. Како што се наведува на веб-страницата, Кокошков потпиша тригодишен договор.

Поранешниот асистент на Лук Волтон во Сакраменто Кингс, го замени српскиот тренер Жељко Обрадовиќ на клупата на Фенер.

Српскиот селектор истакна дека е многу среќен и возбуден што го презема турскиот тим.

„Јас сум многу возбуден од оваа можност. Јас сум свесен за историјата и традицијата на Фенербахче, знам колку фанови има. Може да се каже дека Фенербахче е еден од најголемите клубови во светот. Се чувствувам одговорен кон навивачите и луѓето што ме доведоа на оваа важна задача. Ќе се обидам да ги искористам своите вештини, знаење и искуство за да го постигнам успехот на кој се навикна овој тим. Знам дека навивачите на Фенербахче ја сакаат кошарката, па ќе се обидеме да сториме сè за да ги направиме среќни со освојување на трофеи, изјави Кокошков за веб-страницата на клубот по потпишувањето на договорот.

Слични содржини