Големото лондонско дерби меѓу Тотенхем и Челси припадна на гостинската екипа, а Кол Палмер постигна два од четирите гола за „сините“, а и двата од пенал.
Англискиот репрезентативец му донесе важни бодови на тимот од „Стемфорд Бриџ“, но обезбеди и место во историските книги и на клубот и на Премиер лигата.
Имено, со двата нови гола, Палмер стана најмладиот играч во историјата на Челси кој учествувал во постигнување најмалку 50 гола. Од нив самиот постигна 33, а 17 пати им асистираше на соиграчите, сите на 22 години и 216 дена.
На напаѓачот на поранешниот европски шампион му беа потребни 48 премиерлигашки натпревари за да направи нешто такво, а само тројца играчи пред него успеаја да го направат тоа во помал примерок – Ерлинг Халанд во дресот на Манчестер Сити (39), Енди Кол како фудбалер на Њукасл (43) и Мохамед Салах за Ливерпул (46).
Палмер ќе има можност дополнително да ги подобри своите постигнувања или асистенции следниот викенд на натпреварот против Брентфорд, бидејќи ќе го пропушти 5. коло од Конференциската лига против Астана бидејќи клубот не го лиценцира за ова натпреварување.