Колариќ: Што е впишано и нацртано во постојниот ДУП на местото на Универзална сала?

од Nikola Popovski

Светлана Колариќ, советничка во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ го праша скопскиот градоначалник Петре Шилегов како може да се објави јавен повик за изградба на парк на место каде што во моментот е објектот Универзална сала.

„Дали кога се договараа и потпишуваа договор, градоначалникот тогаш постојано излегуваше во јавноста и кажуваше дека ќе се гради Универзална сала, дали тогаш имаше отворена дебата и се слушна мислењето на граѓаните? Одговорот е не. Во 2019 година ние повторно предвидовме пари во Буџетот на Град Скопје за проект з Универзална сала. Еве помина и 2019 година и ништо“, вели Колариќ и го праша Шилегов да ѝкаже, во постојниот ДУП на местото на Универзална сала што е впишано, односно што е нацртано.

Колариќ рече дека жителите на општина Центар не може да го видат другиот детален урбанистички план кој што е објавен на страницата на општина Центар, обвинувајќи дека нешто се крие од граѓаните.

„Другиот ДУП не можат граѓаните да го видат објавен на страницата на општина Центар, поточно за делот каде што цртан делот за Универзална сала. Дали нешто се крие од граѓаните или можеби градоначалникот има однапред привидение“, изјави Колариќ.

Слични содржини