Колбурн е новиот генерален директор на САСА

од Берта Китинска
230 прегледи

На први септември, Крис Колбурн се приклучи на рудникот за олово и цинк САСА од Македонска Каменица, како нов генерален директор. Досегашниот генерален директор на САСА, Скот Јеланд се врати на позицијата главен оперативен директор на Централ Азија Металс.

Крис Колбурн е квалификуван рударски инженер и експерт од областа на управување и економика на минерални суровини. Тој е искусен професионалец, кој повеќе од 34 години извршувал најразлични одговорни задачи и функции во рударската индустрија на глобално ниво. Својот професионален развој го започнал веднаш по завршувањето на студиите на реномираната школа за рударство „Camborne School of Mines“ во Корнвол, Велика Британија, како рударски инженер. Напредувал до управител на еден од најголемите светски подземни рудници за платина во Јужна Африка. Својата кариера ја продолжил во Австралија, каде управувал со значајни подземни и површински рударски операции за златна и железна руда.

Голем дел од својата досегашна професионална кариера ја поминал и како главен советник и раководител на тимови одговорни за развој и воведување нови технологии во нови и постојни рудници, како и минерални истражувања и отворање наоѓалишта кои се управувани од најголемите рударски компании во светот.

Слични содржини