Колегите од Македонија не дозволуваат идеја за постоење заедничка историја, вели Димитров

од Берта Китинска
515 прегледи

Копретседателот на бугарскиот дел на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања  Ангел Димитров на новинарите на брифингот во бугарското Министерство за надворешни работи им рече дека станува се потешко да ги информира за работата на заедничката Комисија.

„Се надевавме дека нешто може да се промени. Тоа го направивме за да може да се постигне договор, но вчера попладне нешто се промени и нашите колеги од РСМ се вратија на старите позиции. Нашите колеги не можат да дозволат размислување за заедничка историја и за она што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство“, рече Димитров.

Според него, неговите колеги од Северна Македонија не дозволиле идеја за постоење заедничка историја.Како пример ги наведе браќата Миладинови кои имаат годишнина во 2022 година. Според него, имало сличен пример со Гоце Делчев, кој исто така има јубилејна годишнина во 2022 година.

„Нашата желба да излеземе од ќорсокакот декларативно ја поддржуваат нашите колеги, јавно се кажуваат работи кои навистина немаат врска со работата на заедничката комисија, рече историчарот и посочи дека не гледа никаква желба од страна на РСМ.

Слични содржини