Министерот за здраввство Венко Филипче вели дека поголем е бројот на лица кои го прележале вирусот и доколку се појави некоја нова мутација може да ја смени сликата, но колективниот имунитет кој ќе се стекне ќе нѐ штити .
-Проценката е дека има поголем број на граѓани кои го имаат прележано вирусот, а не се официјално евидентирани дека ја прележале болеста.Епидемиолозите калкулираат дека бројот на тие е лица е од 3 до 7 пати повеќе од 150 илјади кои се евидентиран тоа е од еден момент, а другиот се однесува на динамиката за вакцинација и тоа што е непознато е дека мутацијата може да ја смени сликта на вирусот.Но тоа не ќе може да биде толку силно, бидејќи колективниот имунитет ќе може да не штити и од тие мутации.Доколку нема мутација и остане вака состојбата колективниот имунитет сигурно ќе се стекне до крајот на летот имајќи ги предвид сите овие процеси, вели Филипче.