Според податоците од анализата од ковид-тестирањето, односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покражуваат дека не е постигнат колективен имунитет.
Присуството на антитела кај невакцинираните испитаници се движи од 75 до 76 проценти, додека кај испитаниците кои се вакцинирани нивното присуство е 85-86 проценти.
-Голем број од тие кои не се вакцинирани против Ковид-19 или прележале или дошле во контакт со вирусот, но тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, изјави вчера за МИА заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски.
Во вчерашниот извештај од Институтот за јавно здравје регистрирани се 310 нови случаи со КОВИД-19, од кои 49 се реинфекции. Починато е едно лице, а дополнително се пријавени две лица, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, а оздравени се 284 лица. Податоците на Институтот за јавно здравје за минатата недела, покажуваат дека е забележан раст од 0,9 отсто на новозаболени.
Процентот на позитивност се движи од 6,6 до 14,2 отсто, просечно 11,4 отсто. Намалување од 55,9 проценти има кај бројот на смртни случаи, а за речиси 40 отсто е помала бројката на хоспитализирани. На болничко лекување во моментов се 109 лица, од кои 49 се на кислородна поддршка, а тројца на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.