Колев: Сакаме Бугарин на чело на Обвинителството во Охрид

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

Како Бугари во Македонија ги коментираат актуелните тензии меѓу Скопје и Софија по претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на клубот „Цар Борис Трети во Охрид? Како го замислуваат решавањето на провокациите, и што очекуваат од уставните измени? Одговори на овие прашања дава Петар Колев кој се декларира како Бугарин, и е претседател на партијата Граѓанско демократската унија (ГДУ) регистрирана во РСМ, а од минатата недела и координатор на новоформираниот „Центар за стратегиски анализи и планирање“ во Скопје. Во разговор за Радио Благоевград кој го пренесува БНР, тој оценува дека „агресијата во РСМ е со институционално покровителство”.

„Македонската политичка елита не сака да продолжи европската интеграција на Македонија и затоа што не презема никакви мерки кон тоа што се случува. Зошто не сака? Затоа што Македонија е една од најкорумпираните држави во Европа. Македонската политичка елита преку нејзниот конфликт со Бугарија, наоѓа начин да ја оддалечи земјата од ЕУ и тоа го прави апсолутно намерно”, вели Колев.

Посетата на министерот Османи на Пендиков во софиската болница, тој ја оценува како смешна.

„Ако Османи толку беше загрижен за тоа момче, уште истата вечер заедно со министерот за внатрешни работи можеа да одат во Охрид, и заедно со неговиот колега – министерот за здравство, за да можат да го преземат сето тоа што е нужно. Самиот факт што бугарската држава проценила дека треба да го прибере тоа момче во Софија, значи дека нема никаква доверба во македонската страна, ниту во здравството, ниту во политичарите. Целата политичка елита не беше на висина на задачата. Ниту еден политички лидер во Македонија, вклучително и албанските, не излегоа јавно да го осудат нападот и да побараат правда за тоа што се случи. Ниту еден, што е трагично“, изјави Колев.

Предлогот на претседателот Пендаровски за лица од Бугарија на кои не треба да им биде дозволен влез во РСМ, според Колев, е „класичен пример на кризен пиар”.

„Тоа е другата страна од монетата на оваа срамна посета на Бујар Османи во Софија, кога цела Европа и цел свет разбра дека таа држава и тие луѓе се злобни луѓе кон сѐ што е бугарско. Тоа е обид некој да претстави дека тоа што се случило во Охрид и претепувањето на тоа момче, е последица од тоа што некои политичари во Бугарија користеле говор на омраза. Што не отидоа да го претепаат Џамбаски, зошто го тепаа Христијан? Ако не им се допаѓа Џамбаски, Костадинов, или кој било бугарски политичар, нека тргнат со две коли од Скопје, нека ги натепаат во Софија. Зошто не отидоа во Скопје, додека крештеше Џамбаски, да го натепаат, туку отидоа да го натепаат тоа дете?“ праша Колев.

Притоа ги посоветува македонските власти – да се зафатат со промена на Уставот.

„Место да се занимава македонската влада и македонската држава со такви, никому ненужни глупости, би ги посоветувал да се зафатат со промена на Уставот, да ги впишат Бугарите во Уставот, да ги гарантираат нивните права. При што, првата задача, согласно со пописот, ги очекуваме првите назначувања на Бугари во Министерството за внатрешни работи и во Обвинителството. Првото што го бараме, е главниот, односно градскиот обвинител во Охрид, согласно со последниот попис, да биде Бугарин. Како што во другите градови се Албанци, Турци, Власи итн. Ние сакаме во Охрид одговорниот градски обвинител да биде Бугарин. Тогаш да видиме дали некој ќе тргне да врши такви престапи“, рече Колев.

Слични содржини