Колева бара одговори од Николоски: „ДПМНЕ злоупотребува болни луѓе на партиски списоци“

од Nikola Popovski
147 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица предводено од Александар Николоски започна со притисок и злоупотреби кои единствено знаат да ги прават пред избори, обвини денеска пратеничката на СДСМ, Даниела Колева.

Според неа, се објавуваат списоци од болни луѓе кои се лекуваат во болницата во Струмица.

-Имено, мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова вработена во ЈЗУ Струмица објавува списоци со болни луѓе кои се лекуваат во болницата со нивен матичен број, за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ. Ова е огромен скандал за кој мора институциите да покренат постапка итно, порача Колева.

Пратеничката јавно го прозва и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

-Александар Николоски, вечниот пратеник кој немал ниту ден работен стаж во животот, треба да одговори дали е ова неговиот план за кампањата? Николоски да одговори уште колку списоци планираат да подготват за уценување и плашење на граѓаните, бара пратеничката на СДСМ.

Слични содржини