Колева: Платите во образованието СДСМ ги зголеми и до 6.400 денари

од Берта Китинска
265 прегледи

Потребата од достоинствено вреднување на трудот на наставниците е јасна и за тоа секој има разбирање.Но, најдобриот интерес на учениците е и треба да продолжи да биде врвен приоритет на секого, особено сега кога после ковид пандемијата се обезбеди континуитет во наставата, вели Даниела Колева, пратеничка и членка на ИО на СДСМ.

Оттаму вела дека наставниците треба интересот на децата да го стават на прво место а решенијата да се бараат преку социјален дијалог.

-Особено што во изминатите 4 години, токму преку дијалог, платите во образованието и во детската заштита СДСМ ги зголеми од 3.200 до 6.400 денари.Наставник во основно образование денес добива повисока месечна плата за над 3.200 денари, додека воспитувачките во градинките имаат плати повисоки за над 6.000 денари, споредено со периодот од пред четири и пол години, односно во времето на ВМРО-ДПМНЕ, појаснува Колева.

Колева вели дека покрај растот на платите инвестиравме и во нови работни места.

-Во овој период во градинките се вработени над 1.000 воспитувачки, негувателки и помошен персонал а нивните договори ги трансформиравме на неопределено време.Покажавме дека го цениме и вреднуваме трудот на оние коишто со години работеле со договори, на определено време и со драстично помали плати во времето на ВМОР-ДПМНЕ, вели Колева.

Слични содржини