Со свечена изјава пред претседателот на собранието Талат Џафери, обвинителот Ацо Колевски и официјално е именуван за член на Советот на јавните обвинители.

Колевски беше избран од редот на јавните обвинители, а доаѓа во советот на местото на Љубомир Јовески кој беше избран за државен јавен обвинител.
Името на Колевски стоеше на барањето за заштита на законитоста кое јавното обвинителство го достави до Врховниот суд со барање за укинување на притворот за бизнисменот Сеад Кочан кој беше во бегство. Колевски вели дека постапил законски во случајот за Кочан.