Колку банани се препорачува да јадете во текот на еден ден?

од Stefanija Kuzmanovska

Дали и колку се бананите здрави за нашиот организам? Ова прашање ги интересира многу луѓе, кои со задоволство би се предале на задоволството да уживаат во ова овошје.

За некои тие се идеална закуска која содржи доволно хранливи материи, додека други веруваат дека прејадувањето со банани може да доведе до зголемување на телесната тежина и други здравствени проблеми. Значи, кому треба да му се верува?

Вистината е дека бананите се многу здрави и се одличен извор на хранливи материи како што се магнезиум, калциум, калиум, витамин Ц и витамин Б6, а исто така се многу богати со влакна.

Една банана со тежина од 100 g има околу 89 калории и содржи:

22,8 g јаглени хидрати
2,6 g влакна
5,4 g скроб
12,2 g шеќер
1,1 g протеин
8,7 mg витамин Ц
5 mg калциум
27 mg магнезиум
358 mg калиум
74,9 g вода

Најголем дел од енергетската вредност на бананите доаѓа од јаглехидратите, додека тие содржат многу мала количина на протеини и масти. Токму поради тоа, тие сами по себе не се идеален оброк, поради што најчесто се консумираат како ужина. Нутриционистите препорачуваат да се комбинираат со храна богата со протеини и здрави масти, како што се јаткастите плодови, путер од кикирики или тврдо варено јајце.

Бананите генерално не се опасност за вашата линија, но како и со другите намирници, треба да бидете внимателни и да ги јадете умерено, особено ако не сте многу физички активни. Па кој е одговорот на прашањето во насловот?

Според експертите, не постои фиксен број на банани кој секој човек треба да ги јаде во текот на денот. На некои луѓе им треба повеќе енергија, поради што можат и треба да јадат повеќе банани. Секако, доколку го јадат само ова овошје, ќе бидат лишени од друга здрава храна која на човечкото тело му ги обезбедува потребните хранливи материи, недостапни или достапни во мали количини во бананите. За останатите, доволно е да изедете половина или цела банана во текот на денот.

Имајќи го сето ова на ум, препорачливо е да се ограничите на една или две банани дневно.

Исто така, би било добро да оставите доволно време помеѓу две порции, за во меѓувреме да имате доволно простор во стомакот за друга здрава храна. Нема да ви наштети ако од време на време ја надминувате оваа количина банани на дневна основа, но внимавајте тоа да не ви стане навика.

Слични содржини