По смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син Чарлс (73) го наследи тронот како и нејзиното приватно богатство, колосално наследство што ќе го добие без да плати данок на наследство, привилегија резервирана за наследниците на кралот.
Иако не постои обврска за британските монаси да ги обелоденат своите приватни финансии, познато е дека Елизабета била на чело на лично богатство од 370 милиони фунти во 2022 година, според „Sunday Times“, пет милиони повеќе од претходната година.
Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, триесет километри западно од Лондон, се државна сопственост. Сепак, замокот Балморал, одморалиштето на кралското семејство и Сандрингам, каде кралското семејство традиционално го слави крајот на годината, беа во сопственост на кралицата и ги наследува Чарлс.
Кралицата поседувала и колекција на кралски поштенски марки вредна околу 100 милиони фунти, според наводите на Тајмс во 2021 година.
Богатството на кралицата се додава на личното богатство на Чарлс, проценето на 100 милиони долари (87 милиони фунти).
Познатиот накит на круната, проценет на околу три милијарди фунти, симболично ѝ припадна на кралицата и автоматски се пренесува на нејзиниот наследник.
Принцот Филип, сопругот на Елизабета, остави поскромно богатство од 30 милиони фунти кога почина во април 2021 година. Тој поседувал збирка слики од околу 3.000 дела, од кои повеќето биле во аманет на пријателите и семејството.
Експертите велат дека Елизабета најверојатно оставила тестамент и дека помала сума на пари ќе наследат членовите на блиското семејство, но не и најголемиот дел од богатството што му припаѓа на Чарлс.
Фото: REUTERS/Toby Melville