Колку часови сон се неопходни за мозокот да биде здрав?

од Stefanija Kuzmanovska
537 прегледи

Најновите студии покажуваат дека премногу или премалку сон може да предизвика големи здравствени ризици за мозокот како што старееме.

Добриот сон е важен не само за да се чувствувате добро во текот на денот, туку и за различни ментални и физички здравствени придобивки. Квалитетниот сон може да го одржува регулиран крвниот притисок и да помогне во когнитивната функција, пишува Real Simple.

Но, многумина од нас не го добиваат потребниот сон секоја вечер благодарение на престимулирачката сина светлина од нашите телефони и други уреди.

Конзумирањето кофеин непосредно пред спиење може да предизвика непријатност и напнатост, што исто така влијае на сонот.

Има многу виновници за недоволно спиење, но одржувањето конзистентен распоред може да им помогне на возрасните да ги добијат препорачаните седум до девет часа сон секоја вечер.

Нови истражувања сега покажуваат колку навистина е важен добриот сон, што покажува дека премногу или премалку сон може негативно да влијае на здравјето на нашиот мозок дури и повеќе отколку што мислевме.

Една неодамнешна студија на истражувачи од Јеил објавена во списанието Journal of the American Heart Association  ги разгледала навиките за спиење на околу 40.000 возрасни лица за подобро да разбере како тие влијаат на нивното здравје на мозокот.

Собрани се девет години податоци, кои вклучуваат колку секој човек спие ноќе и дали спиел или не во текот на денот. Била направена и магнетна резонанца на нивниот мозок.

Резултатите откриле дека лошиот сон (помалку од седум или повеќе од девет часа навечер) доведува до поголем ризик од мозочен удар и деменција во иднина. Интересно е тоа што исходот не се променил дури и откако биле земени предвид пушењето или хипертензијата, за кои исто така е познато дека влијаат на мозокот.

Сите учесници биле средовечни, а наодите покажале дека ова е клучна точка во животот на една личност да се направат позитивни промени во навиките за спиење за да се одржи мозокот здрав сега и во иднина.

Добивањето на оптимална количина на сон секоја вечер започнува со добра рутина за спиење. Јадете обично два до три часа пред спиење и избегнувајте пијалоци со кофеин доцна навечер. Доколку сакате да пиете топли напитоци непосредно пред спиење, се препорачува тоа да биде чај од билки без кофеин.

Исто така, важно е да ги држите екраните подалеку од вашата соба за спиење, вклучувајќи го телефонот, таблетот, па дури и телевизорот.

Читањето книга пред спиење може да ви помогне повеќе да се опуштите и побрзо да заспиете, особено ако се спореди со гледањето во телефонот.

Ако се чувствувате загрижени за денот или нешто што ќе дојде утре, топлиот туш може да ви помогне да се опуштите, додека слушате смирувачка музика, на пример.

Имајте на ум дека вашите утрински и дневни навики исто така се земаат предвид. Нестанувањето во исто време секој ден, долгите дремки и пиењето премногу алкохол исто така можат да влијаат на квалитетот на сонот.

Слични содржини